Екипата на Реал Мадрид забележа гостинска победа од 2-1 над Севиља во претпоследното коло од шпанската Примера. Домашните одлично го отворија натпреварот и веќе во третата минута дојдоја во водство од 1-0 преку Мир.
Во продолжение од натпреварот на сцена стапи одличниот Родриго и со два погодоци направи комплетен пресврт. Најпрво во 29-тата минута израмни на 1-1, а потоа во 69-тата минута ги постави и конечните 1-2 за Реал Мадрид на овој натпревар.
Со оваа победа Реал Мадрид се зацврсти на вторатата позиција на табелата со 77 поени. Севиља останува на 10-тото место во 49 поени и минимални шанси да избори пласман во фудбалска Европа преку првенството, но тоа може да го стори доколку ја освои Лигата на Европа.