Реал направи голем чекор напред во борбата да го направи Мбапе нов „Крал“ на Мадрид (ВИДЕО)

Килијан Мбапе од наредново лето ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Иако сè уште нема официјална потврда, добро упатениот спортски новинар Хосеп Педрерол кажа дека реализацијата на доаѓањето на Французинот во Мадрид е сè поблиску.

Како што е добро познато, кралскиот тим и минатото лето беше заинтересиран за напаѓачот, но ПСЖ одби неколку понуди, од кои највредната беше околу 200 милиони евра.

Сега Мбапе ќе пристигне како слободен агент бидејќи неговиот договор истекува на 30 јуни.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на ПСЖ на сето ова и дали ќе го казни младиот фудбалер со тоа што ќе го преседи вториот дел од сезоната на клупата или, пак, со него ќе атакуваат кон првата титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести