Реал Мадрид без многу проблеми славеше со 2:0 над градскиот ривал Хетафе во меч од 15. коло на шпанското првенство. Со оваа победа Кралскиот клуб стигна до 33 бодови, еден помалку од лидерот Барселона, но Реал има одиграно и еден натпревар помалку, што значи дека сега има отворен пат кон лидерското место на табелата.
Уште во првото полувреме беа решени сите дилеми околу победникот на „Сантијаго Бернабеу“. Хетафе одолеваше на фаворитот половина час, кога Џуд Белингам погоди од пенал.
Реал продолжи да атакува и осум минути подоцна постигна и втор погодок. Овојпат Килијан Мбапе може прецизен со шут од далечина и тол гол може да го видите ТУКА.
Во второто полувреме Реал преку Мбапе пропушти две неверојатни шанси за да постигне и трет гол, а на спротивната страна, фудбалерите на Хетафе во две ситуации ја погодуваа стативата, што значи дека и Кралеците имаа голема среќа што не примија погодок.