18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Реал не личеше на шампион во првото коло од Ла Лига

Реал Мадрид со реми, и тоа без голови, го стартуваше првенството во кое влегува како актуелен шпански првак. Кралскиот клуб освои бод на гостувањето кај Сосиедад, во меч на кој двата тима и немаа некои поголеми шанси за погодок.

Ова беше првпат по 31 натпревар на овие два тима еден дуел да заврши без погодоци. Последен пат тоа се случило на мечот во Мадрид одигран во ноември 2002 година. Реал играше само со Карим Бензема во нападот, а младите Одегар, Родриго и Винисиус требаше да му бидат помош од позадина, но не се снајдоа најдобро.

Сосиедад уште еднаш потврди дека секогаш е опасен на својот стадион во Сан Себастијан и сигурно се задоволни што стартуваа непоразени во дуелот со актуелниот првак.

- Оглас -

Најнови вести