25.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Реал не се менува низ годините – едни исти фудбалери се на теренот кај Кралскиот клуб

Реал Мадрид секое лето троши милиони евра за доведување нови играчи, но на теренот тоа не се познава. Реномираниот весник „Марка“ направи споредба и покажа дека тимот со кој Кралскиот клуб играше во саботата против Валјадолид е речиси истиот со кој мадриѓаните играа во 2015 година.

Даниел Карвахал, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Марсело, Тони Крос, Иско, Карим Бензема и Герет Бејл беа во стартниот тим, исто како пред четири години против Валјадолид. Од тој тим во 2015 година, меѓу стартерите ги немаше Кристијано Роналдо (замина во Јувентус), Лука Модриќ (суспендиран, инаку би бил стартер), како и голманот Кејлор Навас, кој сега е резерва и е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“.

Во направената споредба на еврпските гиганти од пред четири години и сега, Реал Мадрид има најмногу исти играчи. „Марка“ преку фотографии реши да покаже како изгледале повеќе европски гиганти во 2015 година и со „лајк“ да ги обележи оние кои уште се сериозни конкуренти во составите и во оваа сезона.

БАРСЕЛОНА

АТЛЕТИКО МАДРИД

МАНЧЕСТЕР СИТИ

ЈУВЕНТУС

БАЕРН МИНХЕН

ПСЖ

ЛИВЕРПУЛ

- Оглас -

Најнови вести