Реал Мадрид го обезбеди доведувањето на Алваро Карерас на „Сантијаго Бернабеу“. Левиот бек на Бенфика ќе направи трансфер во Кралскиот клуб за сума од 50 милиони евра.
Оваа информација ја потврди Фабрицио Романо. Парите од трансферот Реал ќе ги исплати на рати. За да биде комплетиран овој трансфер, потребно е само да се добие дозвола од Манчестер јунајтед.
Поранешниот клуб на Карерас треба официјално да ја одбие клаузулата за откупување на договорот.
🚨⚪️ EXCLUSIVE: Álvaro Carreras can be considered new Real Madrid player as he will travel to Madrid today!
Medical booked, player now authorized to travel.
Man Utd confirm they won’t activate buy back option so deal now sealed.
€50m in installments. Here we go, confirmed. pic.twitter.com/sAl4dJ0TqP
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 11, 2025
Карерас ја започна кариерата во младинската школа на Депортиво во 2017 година. Потоа им се приклучи на младинците на Реал Мадрид, каде што беше дел до 2020 година, а потоа замина во Манчестер јунајтед.
На „Олд Трафорд“ играше за вториот тим на Манчестер, а афирмација стекна со играње на позајмица во Гранада, Престон и Бенфика. Португалскиот гигант минатото лето го откупи договорот на Карерас за шест милиони евра, а сега ќе го продаде за речиси десетпати повеќе.
Иако игра на левата бековска позиција, Карерас, кој одигра 52 меча за Бенфика, имаше значителна улога и во нападот, па постигна четири гола, а имаше и пет асистенции.