Реал не треба да се плаши од засилувањето на Барса, Торес е како проколнат на дербијата

Феран Торес се очекува да го има своето деби во дресот на Барселона вечерва, и тоа во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.

Торес, кој ќе го облече дресот со бројот 19, број кој се ослободи по прекратувањето на кариерата на Серхио Агуеро, има многу лош биланс во дуелите со топ-клубовите од лигите во коишто играл.

Феран додека играше за Валенсија немаше дадено гол против големците Реал Мадрид, Барселона или Атлетико Мадрид.

Во Премиер лигата, како играч на Манчестер сити, Торес против петте ривали од големата англиска шесторка има постигнато само еден гол, и тоа против Арсенал.

Или Реал не треба да стравува од Торес или тој ќе го разбие малерот и ќе му помогне на својот нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести