25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Реал нема намера да го исполни „условот“ на Винисиус, прекинати се преговорите за нов договор

Најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, кој го подготвуваа од Саудиска Арабија, пропадна. Арапите нудеа 350 милиони евра за потписот на Винисиус, но и една милијарда евра за петгодишна соработка. Понудата и официјално е повлечена, бидејќи Реал Мадрид започна преговори за продолжување на договорот со Винисиус.

Сепак, преговорите се прекинати и тоа по наредба на Бразилецот. Винисиус бара да биде најплатен фудбалер кај „кралевите“, бидејќи Мбапе заработува по околу 31 милион евра годишно, а тој „само“ 20 милиони евра.

Реал Мадрид нема намера да го исполни овој услов за продолжување на договорот, кој истекува во 2027 година, па Винисиус им наредил на своите менаџери да ги прекинат сите разговори околу новиот договор. Фудбалерот најавил дека нема да преговара се додека не добие статус на најплатен фудбалер во Реал Мадрид.

Ова повторно ги подгрева надежите на Арапите, дека можеби и ќе успеат да дојдат до потписот на Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести