Раководството на Реал Мадрид не размислува за отказ на тренерот Чаби Алонсо, освен во случај на апсолутно невозможен излез. Според шпанскиот медиум „Кадена СЕР“, Алонсо е почитуван и за постигнатото во краткото време на кормилото на Кралскиот клуб, но и за легендарниот статус како поранешен играч, иако во фудбалот најважни се резултатите.
Синоќа се одржала уште една итна средба со дел од членови на управниот одбор поради сериозната криза во резултатите и формата на тимот. На состанокот имало поделени мислења, дел од членовите се заложиле за отпуштање на Чаби Алонсо, додека други инсистирале на мир и стабилност.
Иако првично излегоа најави дека Зинедин Зидан би можело да го преземе кормилото ако Чаби Алонсо биде отпуштен, сепак тоа најверојатно нема да се случи. Французинот не е опција, ниту пак Јирген Клоп.
Двајцата кандидати кои би можеле привремено да ја преземат екипата, доколку се оцени дека е потребно, се Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал, и Сантијаго Солари, кој има раководна позиција во клубот.
Се претпоставува дека утрешниот дуел со Манчестер сити во Лигата на шампионите би можело да биде клучен за иднината на Чаби Алонсо на „Сантијаго Бернабеу“.

