Реал објави дека го купи Чуамени и веќе одбра и датум за официјално претставување

Реал Мадрид објави дека успешно ги заврши преговорите со Монако за Аурелиен Чуамени, играч што ќе потпише 6-годишен договор со Кралскиот клуб, а ќе биде официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“ во вторник на 14. јуни точно напладне.

 

Чуамени e репрезентативец на Франција, а ќе го чини Реал околу 80 милиони евра во трансферот што ќе му обезбеди на Кралскиот клуб одличен млад играч на 22-годишна возраст во следните шест години.

 

- Оглас -

Најнови вести