Реал објави крај на долгогодишната врска со капитенот Рамос

Серхио Рамос и дефинитивно го напушта Реал Мадрид штом му заврши договорот по крајот на овој месец. Од таборот на Кралевите за утре закажаа прес-конференција на која Рамос ќе се збогува со клубот по 16 години соработка.

Искусниот шпански стопер до последно се надеваше дека од клубот ќе изнуди посакуван договор на две години и притоа нема да му се намалат примањата, услови кои претседателот Перес не сакаше да ги прифати, па на долгогодишната врска ѝ доаѓа крајот.

Рамос од 2005 година ги брани боите на Реал со огромен успех. Запиша повеќе од 670 настапи, на кои постигна 101 погодок во белиот дрес. Со Реал, Рамос петпати беше шпански првак, освои четири титули во Лигата на шампионите, односно од „Сантијаго Бернабеу“ си замина со вкупно 22 освоени трофеи.

https://twitter.com/realmadriden/status/1405249775679717381

- Оглас -

Најнови вести