Реал Мадрид ја има фаворитската улога во Ел Класико дербито против Барселона, барем ако се верува на прогнозерите кои досега ги дадоа своите фиксови во ова шесто коло. Преку 50 отсто од прогнозерите чекаат Реал да победи на „Сантијаго Бернабеу“, додека верба во триумф на Барселона имаат помалку од 30 отсто.
Во ова коло има и две дерби дуели во Серија А, а како што најчесто се случува за вакви мечеви од Италија, ремито е најреална опција. Вкупно 13 натпревари од Топ 5 лигите се во понудата, а главен предизвик за секој прогнозер е да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 парови.
За перфектно типување и погодени 13 парови следува iPhone 16. За 12 погодени мечеви, прогнозерот добива ваучер од 1.000 денари, додека со 11-ка погодена, ваучерот е 500 денари.