Флорентино Перес веќе работи на изборот за наследник на Карло Анчелоти. Долго време се шпекулираше дека Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, но според најновите информации од Англија, сега има уште еден сериозен кандидат.
Иако Анчелоти одлично ја води екипата, неговото заминување станува сè пореално, а шпанските медиуми интензивно известуваат за тоа. Според најавите, најтрофејниот тренер во историјата на Кралевите би можело да си замине на крајот од сезоната, без разлика дали ќе освои трофеј или не.
Досега се сметаше дека Чаби Алонсо е главниот фаворит за клупата на Реал, но изгледа дека ситуацијата се променила. Англиските медиуми пренесуваат дека тренерот на Борнмут, Андони Ираола, сега е сериозен кандидат за заменик на Анчелоти.
Наводно, Перес има план да го ангажира Ираола, кој е претставуван од истата менаџерска агенција како и Алонсо. Борнмут оваа сезона игра атрактивен, офанзивен фудбал, а тимот моментно се наоѓа на петтото место во Премиер лигата. Впечатливите победи над Арсенал, Манчестер сити и Тотенхем привлекоа внимание кон Ираола.
Бидејќи му остануваат само 18 месеци од договорот, Борнмут може да биде во неповолна позиција доколку Реал реши да го ангажира. Покрај тоа, интерес за Шпанецот покажува и Тотенхем.
Ираола претходно го водеше Рајо Ваљекано, а во 2023 година се пресели во Борнмут, каде што го изгради своето тренерско реноме.