Реал остана без посакуваното засилување: Стравот од војна во Израел не е причина да го раскине договорот

Сагата околу заминувањето на Џонатан Мотли од Хапоел Тел Авив конечно заврши. Американскиот кошаркар веќе неколку недели бараше да добие раскин на договорот со Хапоел, а објаснувањето му беше дека кај него постои страв поради војната во која е Израел.

Од Хапоел не се согласија дека треба да му дадат раскин на договорот на Мотли, па на крајот случајот заврши кај ФИБА. Челниците на ФИБА, според извори од Израел, го одбиле барањето на американскиот кошаркар и тој останува член на Хапоел, а доколку некој друг клуб сака да го види во своите редови, ќе мора да плати обесштетување за предвремен раскин на договорот.

Шпекулациите беа дека Реал Мадрид, Црвена ѕвезда и уште некои други евролигашки екипи сакаат да го добијат Мотли, кој се плаши да остане во Израел. Американецот си замина од Израел, моментално е во САД и најавите се дека нема повеќе да се врати во Хапоел. Тоа значи дека кошаркарот ќе мора да чека до крајот од сезоната, а потоа да си најде нов клуб.

Се верува дека од ФИБА го одбиле барањето на Мотли за предвремен раскин на договорот затоа што ако нему му дозволиле да го направи тоа, може да се случи многу кошаркари од Израел, но и од Русија поради истата причина да бараат да си заминат од клубовите.

- Оглас -

Најнови вести