Реал пак ќе треба да се снаоѓа без капитенот, нова пауза за Карим Бензема

Фудбалерот кој за десет дена треба да ја добиe Златната топка за најдобар играч во 2022 година, Карим Бензема, не е во најдобра состојба периодов. Го мачат повреди, па засега изостануваат и головите и асистенциите во споредба со минатата сезона.

Бензема играше во Лигата на шампионите против Шахтар во средата, но денеска не тренираше и ќе го пропушти утрешниот меч на кој Реал Мадрид му гостува на Хетафе во дуел од шпанската лига.

Нема официјална потврда од Реал за каква повреда станува збор, а шпанските медиуми пишуваат за замор на мускулите. Кралскиот клуб нема друг добар класичен напаѓач, Бензема е преоптоварен, па тренерот Карло Анчелоти сака да го одмори, бидејќи веќе во вторник има нов меч со Шахтар, а на 16 октомври е мегадербито Ел Класико против Барселона.

Покрај Бензема, утревечер кај Реал ќе ги нема и Тибо Куртоа и Дани Себалјос.

- Оглас -

Најнови вести