Реал Мадрид беше немоќен да победи и на второто гостување сезонава во Ла Лига, ремизираше 1-1 со Лас Палмас, откако во првото коло со истиот резултат се врати и од Мајорка, па сега актуелниот шпански првак после само три рунди во новата сезона има четири бода помалку од ривалот Барселона.
Реал само еднаш, во 2019/2020 станал првак во сезона во која после три кола имал четири бодови негатива.
Со гол од пенал, Винисиус го спаси Реал од уште поголем кикс. Гостите од Мадрид се обидуваа да направат пресврт откако уште во 5-та минута се најдоа во негатива, но не успеаја.
Утеха за Реал е пто има сероја од 35 лигашки мечеви по ред без пораз, и уште се со шанси да го стигнат рекордот на Барселона од 43 меча.