20.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Реал пишува историја и победува во финалињата – Винисиус јуниор по 14-ти пат го искачи Кралот на европскиот трон (Видео)

Бразилецот Винисиус јуниор го постигна единствениот гол во финалето во Лигата на шампионите за победа на Реал Мадрид против Ливерпул со 1:0, а популарните Кралеви испишаа историја со рекордна 14-та европска круна.

Винисиус јуниор беше прецизен во 59. минута по асистенцијата на Феде Валверде, а вистински јунак со него беше и голманот на шпанскиот гигант, Тибо Куртоа.

Белгискиот репрезентативец бранеше импресивно и е веројатно и најзаслужен за новата титула на Реал Мадрид.

Кралевите постигнаа гол и во 44. минута, прецизен беше Карим Бензема, но голот по долго чекање беше поништен по сугестија од ВАР собата, поради офсајд.

Ливерпул ја имаше иницијативата, имаа и повеќе удари кон голот на Реал, но Куртоа беше несовладлив.

Англискиот тим загуби од Реал Мадрид и во финалето во Киев во 2018 година со 3:1, а остана на шестте европски круни, по поразот вечерва во Париз.

- Оглас -

Најнови вести