Реал плати 100 милиони евра за Азар и како бонус доби 7 килограми повеќе

Еден Азар, првата ѕвезда на Реал Мадрид во летниот преоден рок, засега не ги исполнува очеквањата. Белгискиот репрезентативец одигра неколку контролни меча, а ниеднаш не направи забележителен потег. Тоа е премалку за играч кој е купен 100 милиони евра.

Многумина се чудеа зошто Азар игра слабо и воопшто не е во форма како што беше пред да си замине од Челзи. Проблемот е во тежината. На Азар му годела летната пауза, па за кратко време успеал да се здебели дури за седум килограми.

Тренерот Зидан е тој што треба да го врати Азар во форма, посебно што францускиот стратег беше главниот иницијатор за доведување на Белгиецот на „Сантијаго Бернабеу“.

 

- Оглас -

Најнови вести