Реал Мадрид славеше против Бетис со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во меч на кој Кралскиот клуб прекина една лоша традиција за нив. Шпанскиот првак пет и пол години немаше дадено гол против Бетис на домашен терен. Во овој период беа одиграни пет меча на „Сантијаго Бернабеу“ од кои три дуели завршија без голови, а Бетис два пати се радуваше.
Денеска, Реал се израдува на погодок по само девет минути игра кога погоди Винисиус Јуниор. Со тоа, Реал стави крај на 470 минути долгата низа без погодок дома против Бетис.
Gol Real Madrid 1-0 Betis. Vini JRpic.twitter.com/JeqyxWYzjq
— Wachamino F1|Periodismo Deportivo (@Wachamino) September 3, 2022
Каналес израмни во 17 минута за 1:1 на полувреме, но Реал до триумф стигна со подобра игра во вториот дел. Родриго погоди во 65 минута за водство од 2:1 и победа, но и продолжување на традицијата сезонава Кралевите на сите средби да играат ГГ3+.