Реал Мадрид стигна до четвртата победа во четвртото коло од новото првенство во Шпанија, откако со 2:1 славеше на тешкото гостување кај Реал Сосиедад. Триумфот на Кралскиот клуб е двојно повреден ако се знае дека е постигнат откако гостите повеќе од 60 минути играа со фудбалер помалку.
Реал започна силовито и даде гол во втората минута кој беше поништен поради офсајд. Десет минути подоцна Мбапе донесе радост за фановите на Реал Мадрид и водство од 1:0.
Во 32 минута, директен црвен картон доби Дин Хујсен. И со играч помалку, Реал продолжи офанзивно и преку Арда Ѓулер, зголеми на 2:0 во 44 минута.
Домаќините во второто полувреме тргнаа многу поофанзивноо и тоа резултираше со погодок во 56 минута. Ојарзабал од пенал погоди за 1:2, но до крајот на дуелот, Соседад не успеа да постигне втор погодок и да се спаси од пораз.