Реал победи, но навивачите нема мирно да спијат

Реал Мадрид триумфално го заврши гостувањето кај Селтик, со победа од 3-0 е отворена новата сезона во натпреварувањето во кое клубот е 14-кратен победник, но има и загриженост во редовите на Кралскиот клуб.

Поради повреди, средбата предвреме ја завршија Карим Бензема и Едер Милитао. Она што ги плаши фановите е повредата на коленото на Бензема. Утре ќе се знае точно каква повреда има Французинот, а неговото подолго отсуство може да биде проблем бидејќи во тимот нема друг добар шпиц, туку Еден Азар игра како „лажна деветка“.

Бензема е незаменлив, за него нема ротација, ги играше сите минути и можеби преоптоварувањето придонесе за оваа повреда. А, за 12 дена на Реал му претстои тешко гостување кај Атлетико во градското мадридско дерби.

Куртоа изјави дека Бензема имал болка во горниот дел од коленото и доволно е искусен да се повлече навреме за состојбата да не се влоши дополнително, па оптимист е дека нема потешка повреда. Азар вечерва даде гол, но ако Бензема подолго биде во аут, тоа дефинитивно може да биде проблем за Реал.

- Оглас -

Најнови вести