Реал победи со три гола од три шута и 11 одбрани на Куртоа (Видео)

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и победи против Пачука со 3-1, но мексиканскиот тим кој 83 минути имаше играч повеќе на терен по исклучувањето на Раул Асенсио може да биде незадоволен.

Односот на шутеви беше 25-8 за Пачука, во рамки на гол 12-3, но шпанскиот гигант од трите шута даде три гола (стрелци Белингам, Ѓулер и Валверде), додека Мексиканците никако не успеваа да го совладаат Тибо Куртоа кој имаше дури 11 одбрани. Голот за Пачука падна откако по еден шут на Монтиел, топката го закачи Чуамени и го смени правецот, измамувајќи го Куртоа.

Ова е прв триумф за Реал во ерата на тренерот Чаби Алонсо. Реал во третото коло ќе се сретне со Салцбург и со победа на тој меч веројатно ќе го освои првото место во групата, а би играл со Манчестер сити или Јувентус во осминафиналето.

Ова е голот на Федерико Валверде за 3-0:

- Оглас -

Најнови вести