Летниот преоден рок во шпанската Ла Лига е завршен, но Реал Мадрид веќе крои планови за следното лето. Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, ќе биде новата цел за трансфер на Kралевите следното лето.
Фудбалерот има договор со Баерн Минхен на уште две сезони и раководтсвото на клубот по никоја цена не сака да го изгуби бесплатно. Репрезентативецот на Канада одбива да потпише нов договор бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид, а Кралскиот клуб е подготвен следното лето за него да плати 60 милиони евра.
Сепак и ваквиот трансфер ќе донесе одлична заработка за Баварците бидејќи во 2019 година го купија само за 14 милиони евра од Ванкувер.