4.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Реал подготвува понуда за најголемиот светски талент, но Челзи за возврат го бара Винисиус јуниор

Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготвува силен напад за да ја доведе новата млада на Челзи, 18-годишниот Естевао. Бразилецот блеска оваа сезона во дресот на Сините, а прекрасниот гол против Барселона дополнително го зголеми вниманието околу него, вклучувајќи го и интересот од „Бернабеу“.

Познато е дека Естевао уште од детството е навивач на Реал Мадрид. Тој повеќепати истакна дека израснал гледајќи ги Кралевите, што е детал кој претседателот Флорентино Перес планира да го искористи во обидот да го реализира трансферот уште во зимскиот преоден рок. Желбата на играчот и намерата на клубот се поклопуваат, но патот до договор е далеку од едноставен.

Главниот проблем е долгогодишниот договор на Естевао со Челзи, кој важи до 2033 година. Младиот Бразилец сезонава има пет голови и една асистенција на 17 натпревари, а клубот од Лондон нема намера лесно да се откаже од него.

Според англиските медиуми, Челзи не е подготвен ни да започне преговори, освен ако не се понуди нешто сосема поинакво – конкретно, размена на играчи.

Токму тука се споменува името на Винисиус јуниор. Наводно, Челзи би разгледал понуда само доколку Винисиус е дел од потенцијалната размена, сценарио кое би претставувало една од најголемите трансферни бомби во изминатите неколку години.

- Оглас -

Најнови вести