18.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Реал посилен за Белингам и за Камавинга на стартот на ЛШ

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам е вклучен во составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар против Олимпик Марсеј од првото коло на групната фаза во Лигата на шампионите. Играчот за врска беше надвор од терените од јули, кога му беше извршена операција на рамото.

Белингам се врати на тренинзите минатата недела и очигледно веќе е во доволно добра состојба за да заигра.

Во тимот на Реал Мадрид се најде и Едуардо Камавинга. Францускиот играч од средниот ред досега не настапи оваа сезона поради проблеми со глуждот.

- Оглас -

Најнови вести