32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Реал постави нов антирекорд, Зидан одговори дали ќе си даде оставка

Реал Мадрид вторпат само за два месеци загуби од Шахтар вечерва на гости во Киев и со тоа Кралскиот клуб си го загрози пласманот во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Во последните пет меча во сите натпреварувања, Реал има дури три порази, едно реми и само една победа. И покрај ваквиот негативен биланс, тренерот Зинедин Зидан не размислува да си поднесе оставка.

„Воопшто не размислувам за оставка. Точно е дека ова е лош резултат, но ние мора да продолжиме да работиме. И претходно сме имале тешки моменти. Имаме уште еден меч во групата и тој треба да го добиеме“, рече Зидан.

Со двата примени гола вечерва во Киев, Реал постави негативен клупски рекорд. За првпат во групната фаза Кралевите примаат дури девет голови, а интересно е што има уште еден меч да се игра до крајот. Токму лошата игра во одбраната е главна причина поради која Реал во моментов е на третото место во групата и неизвесен пласман во Топ 16 фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести