Реал прави план за беспари да „украде“ уште еден играч на Ливерпул

Трент Александер-Арнолд е фудбалерот на Ливерпул кој летово ќе направи трансфер и тоа во Реал Мадрид. На англискиот репрезентативец му истекува договорот со англискиот гигант и реши дека е време да си замине од „Енфилд роуд“ и без никаква финансиска надокнада, ќе се пресели во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Според најавите од светските медиуми, Александер-Арнолд нема да биде единствениот играч на Ливерпул кој беспари може да замине во Реал Мадрид. Најавите се дека Кралскиот клуб веќе прави план за да го доведе и Ибрахима Конате. Договорот на францускиот дефанзивец со Ливерпул е до јуни 2026 година, што значи дека следното лето ќе биде слободен играч.

Реал е подготвен да чека уште една сезона за потоа да може Конате да го доведе како слободен фудбалер.

Конате е во Ливерпул од 2021 година, кога за 40 милиони евра пристигна од Лајпциг. Во дресот на англискиот гигант одигра 130 натпревари и постигна пет голови. неговата трансфер цела моментално се се проценува на 60 милиони евра, а Реал прави план да го доведе за „ич пари“.

- Оглас -

Најнови вести