Реал прими гол во 28 секунда без да ја допре топката, но потоа Кралевите се налутија и победија убедливо (Видео)

Реал Мадрид без многу проблеми славеше со 4:1 против Лас Палмас во меч од 20 коло на шпанскоо првенство. Со овие три бода, Кралскиот клуб се искачи на лидерското место на табелата со 46 бодови, два повеќе од градскиот ривал Атлетико кој е втор. Барселона е на третото место, но каталонскиот гигант веќе заостанува седум бодови.

Лошо започна мечот на „Сантијаго Бернабеу“ за Реал. Почетниот удар беше за Лас Паламс, а гостите уште во првиот напад, успеаа по само 28 секунди да постигнат гол. Погоди Португалецот Фабио Силва и тоа без ниту еден играч на Реал да ја нема допрено топката од почеток на средбата.

Овој гол на Силва може да го видите ТУКА.

Примениот гол не ги збуни фудбалерите на Реал. Фаворитот веднаш тргна офанзивно, а отпорот на противникот беше скршен во 18 минута кога погоди Килијан Мбапе од пенал. До крајот на првото полувреме следуваа уште два гола во мрежата на Лас Палмас.

Брахим Дијаз погоди за 2:1 во 33 минута, а потоа Мбапе повторно беше прецизен и стрелаше за 3:1 во 36 минута. Голот за 3:1 може да го видите ТУКА.

Во вториот дел Реал продолжи да напаѓа, а во 57 минута Родриго зголеми на 4:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести