19.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Реал продава тројца играчи за да ја купи ѕвездата на Челзи

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, бара од претседателот Флорентино Перес да му донесе ново засилување во средниот ред. Според него, потребен е квалитетен играч за врска кој ќе ја креира играта и ќе направи баланс меѓу одбраната и нападот.


По заминувањето на Лука Модриќ, а и пензионирањето на Тони Крос минатата сезона, Реал Мадрид се очекува да има проблеми во маневарот.


Токму затоа Чаби Алонсо посакува да го доведе Енцо Фернандес од Челзи. Тоа нема да биде лесна мисија затоа што Челзи нема лесно да дозволи да замине, а евентуалниот трансфер би чинел повеќе од 150 милиони евра.


Но, Реал и за тоа има план. Кралскиот клуб е подготвен да продаде тројца фудбалери за да отвори буџет за ангажман на играчот за врска на Челзи.


Реал Мадрид е подготвен да ги продаде Родриго, Едуардо Камавинга и Фран Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести