Реал продолжува да гази: Пресврт победа над Сосиедад за пет од пет во Ла Лига (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја забележаа и петтата победа на исто толку натпревари во Ла Лига оваа сезона. Нова жртва на Кралевите беше Реал Сосиедад, кој беше совладан со пресврт откако гостите од Баскија имаа предност од 0-1 по првиот дел, но немаа сили да си заминат со позитивен резултат од главниот град на Шпанија.

Андер Баренечеа уште во петтата минута погоди за водство на Реал Сосиедад од 0-1. Тоа воедно беше и резултатот по првите 45 минути.

Второто полувреме започна одлично за Реал, кој уште во првата минута успеа да израмни на 1-1 со прекрасниот погодок на Федерико Валверде.

Во 60-тата минута Реал направи комплетен пресврт од 2-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар. Хоселу уште еднаш покажа дека е неприкосновен кога ќе добие топка на глава во противничкиот шеснаесетник и ја заби во мрежата на гостите за голема победа на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести