Реал работи една сезона однапред: Флоријан Вирц доаѓа во Мадрид за 150 милиони евра

Летниот преоден рок за следната сезона сѐ уште не е започнат, а Реал Мадрид веќе е на прагот да договори голема зделка за 2025 година. Според пишувањата на шпанските медиуми, Флоријан Вирц би требало да дојде во Мадрид во летото следната година, откако Реал ги договорил условите за соработка со него, иако тој сѐ уште има договор со Баер.

Прво, договорот го направија Флоријан Вирц и Баер Леверкузен. Германскиот репрезентативец кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, му вети на клубот дека ќе остане негов член и следната сезона. Тогаш Вирц и Реал почнаа преговори и сѐ е веќе договорено.

Тоа што сега се очекува е договор меѓу клубовите. Вирц е проценет на 130 милиони евра, а „Марка“ пишува дека за негово доведување ќе бидат потребни уште 20 милиони.

Минатата сезона Флоријан Вирц одигра 49 натпревари за тимот со постигнати 18 голови и 20 асистенции. За репрезентацијата на Германија игра од 2021 година и ќе биде еден од адутите на претстојното Европско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести