Реал рутински славеше во Баскија, Белингам дебитираше со гол (Видео)

Реал Мадрид со победа на жешкиот терен во „Сан Мамеш“ го совлада Атлетик Билбао со 2:0 во првото коло во новата сезона во Ла Лига.

Мечот го одбележа најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид (103 милиони плус 30 милиони во бонуси), Џуд Балингам, кој постигна гол на дебито.

Белингам во 36-та минута го постигна првиот гол во дресот на Реал Мадрид, и со 20 години и 44 дена, стана третиот најмлад фудбалер на Кралевите во 21-от век кој постигнал гол на дебитантскиот настап во Ла Лига.

Помлади од него се само играчите кои настапија вечерва со него, Родриго (18 години и 259 дена) и Камавинга (18 години и 306 дена). Голот на Белингам може да го погледнете ТУКА.

Токму Родриго, го постигна првиот гол на мечот и тоа во 28-та минута. Голот на Родриго може да го видите на следниот ЛИНК.

И покрај победата, тренерот Карло Анчелоти е загрижен поради повредата на Едер Милитао кој на стартот од второто полувреме се повреди по што мораше да биде заменет со Антонио Ридигер.

Медиумите шпекулираат дека можно е да станува збор за кинење на лигаментите на коленото, повреда каква што пред неколку дена заработи голманот Тибо Куртоа.

- Оглас -

Најнови вести