Жирона без проблеми го совлада Алавес со 3-0 и со 14-тата победа во 17 кола, се врати на првото место во шпанската лига.
Жирона веќе има повеќе победи отколку во целата претходна сезона, и е вистински хит за кој зборува цела Европа, не само поради резултатите, туку и убавата и ефикасна игра со која ги гази противниците.
Сега малиот каталонски клуб е на два бода пред вториот Реал Мадрид, на дури девет пред третата Барселона (Барса 80 години не била со девет бода помалку од друг каталонски клуб) и на плус десет во однос на четвртиот Атлетико Мадрид кој има и еден меч помалку, оној со Севилја.