Реал само нерешено со Ал-Хилал, Кралевите ни од пенал не дадоа гол (Видео)

Реал Мадрид не ја оправда фаворитската улога против Ал-Хилал и одигра само 1-1 против најголемиот саудиски клуб. Кралскот клуб поведе со голот на Гарсија во 34 минута, но Ал Хилал успеа да израмни пред крајот на првиот дел и тоа со голот на Невес од пенал.

 

Реал имаше голема шанса да победи, во 90-та минута беше досуден пенал за Кралскиот клуб, но Боно го одбрани шутот од 11 метри на Федерико Валверде. За Реал ова е дури седми нереализиран пенал сезонава во сите натпреварувања.

Сега на Реал му останува да го поправи впечатокот на следните два меча, против Салцбург и Пачука, но дебито на Чаби Алонсо како тренер не мина славно и се покажаа доста слабости.

 

- Оглас -

Најнови вести