17.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Реал се изнамачи со Леганес, ама Мбапе на крајот ја заврши работата (Видео)

Реал Мадрид со многу мака успеа да освои три бода на домашен терен против Леганес славејќи со 3-2. Кралевите на полувреме имаа негатива (1-2), но на крајот Килијан Мбапе ја заврши работата и го остави својот тим во трка за шампионската титула. Сега Реал има 63 бода, исто како и лидерот Барселона, кој има одиграно еден натпревар помалку.

Килијан Мбапе во 32-та минута донесе водство за Реал од пенал, но веќе во следниот напад Леганес возврати преку Диего Гарсија.

Дани Раба во 41-та минута погоди уште еднаш и го шокираше „Сантијаго Бернабеу“, па тимот на Карло Амчелоти мораше да мачи во вториот дел за да стигне до планираните бодови.

Џуд Белингам во 47-та минута успеа да израмни, а Килијан Мбапе со прекрасен гол од слободен удар се погрижи за пресврт во 76-та минута.

- Оглас -

Најнови вести