Жалгирис го совлада Реал Мадрид со 68-47 и го приреди можеби најголемото изненадување сезонава во кошаркарската Евролига. Реал со ова постави неславен клупски рекорд, првпат им се случи да дадат толку малку поени на евролигашки меч.
Зелената шума од Каунас е на последно место на табелата, Реал беше на делба на првата позиција, но тоа не им пречеше на Литванците да го разбијат противникот, кој е во голема криза. Кралскиот клуб губи три меча по ред во Евролигата (пред тоа во 23 кола имаше само три порази), загуби во финалето на шпанскиот куп и во последно време почна да дава многу малку поени.
Реал беше некомплетен на гостувањето кај Жалгирис (ги немаше бековите Ертел, Козер и Руди Фернандес), но резултатот е катастрофа и нема оправдување за тренерот Пабло Ласо.