Реал Мадрид продолжува во чекор да ја следи Барселона, па откако
Каталонците во вторникот победија со 1-0 над Мајорка, Кралевите со истиот резултат славеа на гостувањето кај локалниот ривал Хетафе.
Единствениот гол на мечот беше дело на Арда Ѓулер во 21-вата минута, кој упати вистинска бомба кон противничкиот гол, а Сорија иако успеа да дојде до топката, таа заврши зад неговиот грб.
Изненадувачки, Хетафе упати повеќе удари кон противничкиот гол, и тоа дури 20, наспроти 14, кои ги упатија фудбалерите на Реал.
На табелата во водство е Барселона со 76 бода, додека Кралевите сега се вратија на минус четири, односно имаат 72 поени. До крајот на Ла Лига остануваат уште пет кола.