Реал Мадрид загуби од Басконија и со тоа си го запечати третото место на две кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата. Баскијците победија со 86-76, користејќи го комбинираниот состав на гостите од Мадрид, кај кои немаше некои од стартерите, некои стандардни играа помалку, а поголема шанса добија резервите.
Басконија сега е шеста и ако плејофот почне денеска, таа би била противник на Реал во четвртфиналето.
Но, засега само Фенербахче, ЦСКА и Реал имаат обезбедено место во плејофот. Анадолу Ефес, Барселона, Басконија, Панатинаикос, Армани Милано и Олимпијакос, се екипите кои ќе се борат да избегнат пласман на деветто место.
Вечерва во Евролигата најзначајна победа против директен ривал извојува Панатинаикос, кој во Милано ги надигра „манекените“ со 95-83.