31.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Реал си урна клупски рекорд уште пред да почне реваншот со Челзи (Фото)

Реал Мадрид си урна клупски рекорд во Лигата на шампионите уште пред да почне реванш-дуелот против Челзи во четвртфиналето вечерва од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Стартниот состав што го одреди Карло Анчелоти во просек има 29 години и 293 дена и според годините, е најстариот почетен состав во клупската историја на 13-кратниот европски првак кога се работи за натпревари во Купот на европските шампиони и во Лигата на шампионите.

Шанса за историски подвиг има и тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој го чека осмото полуфинале во Лигата на шампионите.

Моментно рекордери се Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, токму со по 8 учества во полуфиналињата во Лигата на шампионите, па вечерва ако Реал ја задржи предноста од два гола по победата во Лондон со 3:1, ќе им се приклучи и Анчелоти.

https://twitter.com/OptaJose/status/1513944404310081542?s=20&t=n5VLCpHm-ENlGdI63guiTA

 

- Оглас -

Најнови вести