Реал Мадрид ќе биде противникот на Пари Сен Жермен во второто полуфинале на Светското клупско првенство, а според она што го прикажуваат двата тима во САД, тоа ќе биде како финале пред финале и победникот ќе биде голем фаворит за титулата.
Головите на Гонзало и Фран Гарсија во 10-та односно 20-та минута беа доволни за рутинска победа од 3-1 на Реал кој го спушти темпото во второто полувреме.
Во судиското продолжение паднаа три гола. Дортмунд даде гол за 1-2 во 93-та минута, но брзо потоа Мбапе постигна фантастичен гол за 3-1. Крајот не бепе тука, се слули непријатност за Реал, Гираси изнуди пенал и црвен картон на Хаусен (нема да игра против ПСЖ), а погоди од белата точка за 3-2. Во последната секунда, Забицер имаше панза 3-3, но Куртоа одбрани.
Во вториот дел во игра влезе и ветеранот Лука Модриќ за кого ова е дури 72-ри меч сезонава, никој нема толку многу. Хрватот кој има 39 години, одигра 62 меча за Реал и 10 за репрезентацијата на Хрватска.
QUE GOLAZO!!!!
🎯 MBAPPÉ GOES AIRBORNE! HE’S BACK!
Overhead kick. Back of the net. Instant classic.
Superstar stuff from Kylian. 🌟 pic.twitter.com/lx646RuR5w— DAZN Football (@DAZNFootball) July 5, 2025