По вечерашната ждрепка за Светското клупско првенство кое за првпат ќе го организира ФИФА следното лето, а турнирот ќе се игра во САД, познат е составот на сите групи во првата фаза, но и кој со кого би вкрстил во нокаут-фазата.
Ако Реал Мадрид биде прв или втор во својата група, во осминафиналето налетува на првиот или вториот од групата во која големи фаворити се Манчестер сити и Јувентус.
Можно осминафинале и Борусија Дортмунд – Интер Милано, или на пример: Челзи – Баерн, а ако Интер Мајами со Лионел Меси ја мине групата, што не е невозможно (главни ривали им се Порто и Палмеирас), во осминафиналето ќе игра со првиот или вториот од групата во која се ПСЖ и Атлетико Мадрид. Меси во Мајами дојде од ПСЖ, каде што не мина убав период, а Атлетико му е стар ривал од шпанската лига против кого водел многу битки во Ла Лига и во Лигата на шампионите.