33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Реал со џентлменски потег се прости од Азар

Реал Мадрид одлучи да го раскине договорот со Еден Азар и притоа направи џентлменски потег, објави „Марка“.

„Марка“ пишува дека Азар не барал отштета од Реал Мадрид за предвремениот раскин на договорот, но челниците на Кралевите одлучија да му исплатат една третина од договорената плата за наредната сезона.

Азар имаше договор со Реал Мадрид до идното лето и требаше да инкасира 28 милиони евра бруто, но поради превремениот раскин, ќе добие нешто повеќе од девет милиони бруто.

Поранешниот белгиски репрезентативец сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но наводно е најблиску до трансфер во Ванкувер, кој настапува во МЛС лигата.

Еден Азар во Реал Мадрид пристигна во 2019 година од Челси во трансфер вреден 115 милиони, но не успеа да ги оправда вложените пари, а шпанските медиуми го прогласија на најголеммо промашување во историјата на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести