Реал Мадрид се намачи, но на крајот победнички ја започна новата сезона во шпанското првенство, откако со 1:0 славеше над Осасуна, на „Сантијаго Бернабеу“.
Кралскиот клуб беше апсолутен фаворит за победа, а и на теренот, домашниот тим доминираше. Сепак, по првиот дел немаше погодоци, а на почетокот од второто полувреме Килијан Мбапе направи одличен продор, по кој беше фаулиран во шеснаесетникот.
Судијата досуди пенал, а Мбапе реши да ја преземе одговорноста и погоди за 1:0. За Мбапе ова е осми погодок од пенал откако минатата сезона дојде во Реал.
Во продолжение од дуелот реал продолжи да напаѓа, да создава шанси, но не и да погоди, па на крајот пеналот на Мбапе се покажа како клучен за трите бода да завршат кај домашниот тим од Мадрид.