Реал Мадрид и официјално дојде до трофејот во шпанската Ла Лига, но она главното што ги очекува оваа сезона е финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во Лондон, на први јуни.
За да се заштитат од повреди, тренерот на Реал најавува дека последните натпревари од Ла Лига ќе ги игра со комбиниран состав.
„Целта е финалето да го дочекаме комплетни. Играчите кои неодамна се вратија и им треба минутажа, како што се Куртоа и Милитао, ќе добијат минутажа“, вели Анчелоти.
На официјалната прес-конференција пред дуелот со Алавес, Анчелоти доби прашање за кои играчи смета дека би биле добри тренери.
„Некои играчи имаат квалитети кои се потребни за да се биде тренер. Со оглед на тоа колку е тешко денес да се биде тренер, многу играчи не сакаат да бидат тренер бидејќи има премногу притисок и одговорност. Карвахал, Начо, Себаљос, Крос, Модриќ…, сите тие би можеле да бидат тренери“, рече Анчелоти.