Реал со минута молк за Коби, а Рамос носеше негов дрес со 10-ка на грбот

Фудбалерите на Реал Мадрид пред почетокот на денешниот тренинг со едноминутен молк му искажаа почит на славниот Коби Брајант, кој беше повеќе од кошаркар и спортска ѕвезда во светски рамки. Иако играше кошарка, и фудбалери сакаат да му искажат почит на големиот Коби кој на 41 година го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Интересен детаљ имаше капитенот на Реал, Серхио Рамос, кој носеше дрес на Брајант со бројот 10 на грбот, иако се знае дека тој целата кариера во НБА како играч на Лос Анџелес лејкерс имаше броеви 8 и 24. Сепак, десетката не е грешна, дресот со број 10 Коби го носеше кога настапуваше за репрезентацијата на САД и освои две олимписки злата.

 

- Оглас -

Најнови вести