Реал со него на чело освои 65 трофеи, Перес останува претседател на Кралевите до 2029 година

Градежниот стопанственик Флорентино Перес, кој за еден и пол месец ќе наполи 78 години, доби нов мандат на чело на европскиот спортски гигант Реал Мадрид. Уште пред изборите беше јасно дека Перес ќе остане предводник на Кралевите затоа што немаше противкандидат.

Перес е човекот кој едноставно остава траен печат во Реал Мадрид. Тој е најтрофејниот претседател во историјата на клубот. Неговата ера како прв човек на Реал започна во 2000 година и првата „приказна“ му траеше до 2006 година. Потоа го загуби претседателското место, но во 2009 година повторно ја доби довербата и се врати на чело на клубот. Оттогаш, па досега Перес е неприкосновен лидер на најтрофејниот европски клуб. Неговиот нов мандат му дава право да остане предводник на Реал до 2029 година.

Во ерата на Перес, Реал Мадрид освои неверојатни 65 трофеи, од кои 37 беа од страна на фудбалскиот тим, а 28 беа во кошарка. Има шест титули во фудбалската Лига на шампиони, како и три кошаркарски трофеи од Евролигата.

Реал Мадрид и оваа сезона и на фудбалската и на кошаркарската сцена е фаворит за нови трофеи, па јасно е зошто Перес воопшто немаше противкандидат во трката за претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести