Реал Мадрид повторно е лидер на табелата во шпанската Ла Лига, најмалку на 24 часа, откако вечерва со 4-1 славеше над Виљареал. “Кралевите“ прикажаа убедлива игра и сосема заслужено победија со убедлива предност.
Резултатот го отвори Џуд Белингам во 25-тата минута, а Родриго во 37-мата минута зголеми на 2-0. Моралес во 54-тата минута го постигна единствениот погодок за Виљареал на овој натпревар, а до крајот на мечот Реал постигна уште два погодоци преку Диас во 64-тата и Модриќ во 68-мата минута.
Со оваа победа Реал Мадрид се искачи на врвот на Ла Лига со 42 бода, еден повеќе од Жирона, која утре го игра својот првенствен натпревар против Алавес.