Манчестер сити и Реал Мадрид вечерва ќе го одиграат реванш-полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Домашните како големи фаворити влегуваат во мечот, но и со поволен резултат од првиот натпревар откако одиграа 1-1 на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.
Последните натпревари кои овие две екипи ги одиграа на „Етихад“ се на страната на Манчестер сити, кој забележа три победи на последните три натпреври. „Граѓаните“ беа ефикасни, постигнаа дури 10 гола во победите од 4-3, 2-1 и 4-1. Според резултатите, и вечерва нè очекува ефикасен натпревар и голови во двете мрежи.
Квотата за победа на Сити е 1.65, додека за победа на Граѓаните и двете екипи да постигнат погодок е многу поголема, односно рамно 3.
Најдобриот стрелец во Европа оваа сезона, Ерлинг Халанд, е голем фаворит во оваа категорија и според квотите, речиси сигурно ќе постигне погодок.