Реал Мадрид убедливо го совлада Фенербахче во дербито на 25-тото коло во Евролигата со конечни 101:89. Европскиот првак ја дочека одмаздата против лидерот на табелата за поразот кој го претрпе во декември минатата година со минимални 63:65.
Гостите парираа само во првата четвртина, а потоа избраниците на Пабло Ласо го забрзаа темпото, за во последните 10 минути да влезат со предност од +16. Кон стартот на решавачкиот период Реал стигна и до највисоки 81-61, а до крајот на средбата за еден поен ја минаа границата од 100 поени.
Рендолф беше најефикасен од редовите на домаќините со 19 поени, 17 додаде Љуљ со двоен учинок од 10 асистенции. Кај поразените најраположен беше Слукас со 15 поени, по 12 постигнаа Весели и Гудуриќ.
Актуелниот бранител со триумфот во ова дерби дојде до 19 победи во Евролигата, додека за Фенербахче го претрпе четвртиот овосезонски пораз.
Претходно Панатинаикос беше сигурен на гостувањето кај Дарушафака со 67:91, Жалгирис го растури тимот на Гран Канарија со 98:64, а Баерн Минхен загуби на домашен терен од Макаби Тел Авив со 70:77.