Реал со трофеј ја отвори сезоната, го освои Супер купот на Шпанија

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да стигнат до првиот трофеј оваа сезона, откако во финалето на Супер купот на Шпанија ја совладаа Уникаха со 88-81.

Натпреварот во Мурсија започна израмнето и “кралскиот“ клуб го доби првиот период со само четири поени предност. Во втората четвртина одличен беше Муса кој му донесе на Реал предност од +13 на полувремето, односно 44-31.

Кога се чинеше дека Реал лесно ќе дојде до трофејот, екипата од Малага го доби третиот период со 25-17, а на стартот од последниот период и да израмни на 66-66. Сепак, финишот им припадна на “кралевите“ што им донесе нов пехар во клупските витрини.

Најефикасен на мечот беше Кампацо со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести